RE-MIND
←
SPAC — Scuola nazionale del patrimonio e delle attività culturali

SPAC — Scuola nazionale del patrimonio e delle attività culturali

Scuola nazionale del patrimonio e delle attività culturali (Scuola) е италијанска институција со седиште во Рим, основана во 2015 година од страна на Министерството за култура на Италија, со цел промоција на континуираниот професионален развој на стручните лица од областа на културното наследство. Како меѓународен центар за обука, истражување и иновации, Scuola ја поддржува трансформацијата на културниот сектор преку интердисциплинарно надоградување, применети истражувања и меѓународна соработка. Нејзината работа е насочена кон управување со културното наследство, дигитална трансформација, пристапност и инклузија, со тоа поттикнувајќи размена на знаења и зајакнување на професионалните капацитети во целиот екосистем на културното наследство.

Во рамките на проектот RE-MIND, Scuola учествува како презентационен и пилот-партнер, придонесувајќи кон заедничко креирање, имплементација, тестирање и валидација на Mindful Museum Capacity-Building Model. Организацијата активно учествува во оперативните работни активности на проектот, поддржувајќи програми за обука, работилници и активности за валидација. Scuola, исто така, придонесува кон дисеминација на знаење и вклучување на засегнатите страни преку своите обемни национални и меѓународни мрежи, како и преку координација во организацијата на RE-MIND Showroom Event во Италија.

Scuola располага со долгогодишно искуство во креирање и реализација на програми за професионален развој на вработените во музеите, архивите, библиотеките и институциите за заштита на културно наследство. Таа развива иновативни можности за стекнување со знаења преку програми со физичко присуство, онлајн и останати комбинирани начини наменети за музејски менаџери, јавни службеници, кретори на политики и професионалци од областа на културното наследство. Работејќи во тесна соработка со Министерството за култура на Италија и меѓународни организации, Scuola има развиено силна експертиза во управувањето со културното наследство, дигиталната трансформација, пристапноста, меѓународната соработка и доживотното учење, придонесувајќи кон зајакнување на културниот сектор преку размена на знаења и градење капацитети.

Институцијата има учествувано во бројни европски и меѓународни иницијативи насочени кон развој на вештини и иновации во областа на културното наследство, вклучувајќи го проектот CHARTER Erasmus+ Blueprint, соработки во рамките на Horizon Europe, како и Dicolab - национална програма на Италија за развој на дигитални вештини во културниот сектор. Покрај тоа, институцијата реализира меѓународни програми за градење капацитети на професионалци од областа на културното наследство и управува со дигитална платформа за учење која ја користат повеќе од 34.000 корисници.

Daniela Talamo

Daniela Talamo

Flavia Parisi

Flavia Parisi

Marta Samek Lodovici

Marta Samek Lodovici

Marzia Piccininno

Marzia Piccininno