НУ Завод и Музеј – Битола
Националната установа Завод и Музеј – Битола е една од водечките институции за заштита на културното наследство во Северна Македонија, која ги обединува заштитата, истражувањето и презентацијата на материјалното и нематеријалното културно наследство. Со седиште во Битола, институцијата располага со мултидисциплинарен тим составен од археолози, етнолози, историчари, историчари на уметност, конзерватори и музејски професионалци. Со поддршка од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија, НУ Завод и Музеј Битола реализира повеќе од 50 национални и меѓународни проекти годишно, промовирајќи ја заштитата на културното наследство, музејската едукација, пристапноста и активното вклучување на јавноста.
Во рамките на проектот RE-MIND, НУ Завод и Музеј учествува како демонстрациски и пилот-партнер, придонесувајќи кон имплементацијата и валидизирањето на Mindful Museum Model. Институцијата активно учествува во сите проектни активности, поддржувајќи го развојот на едукативни ресурси, професионални обуки и интерактивни иницијативи за ангажирање на јавноста. Со применување на пристапи засновани на свесност (mindfulness) во музејски контекст, Институцијата придонесува кон евалуација на ефикасноста на моделот во поттикнувањето на дигиталната благосостојба, меѓугенерацискиот дијалог и општествено одговорните музејски искуства.
Со повеќе од 90 години континуирано работење, Музејот поседува богато искуство во музејската едукација, пристапноста, интерпретацијата на културното наследство и управувањето со меѓународни проекти. Институцијата поседува повеќе од две децениско искуство во развојот и реализацијата на едукативни програми и повеќе од десетгодишна посветена работа во унапредување на пристапноста за различните целни групи. Преку инклузивни изложби, иновативни образовни иницијативи и значајни партнерства, НУ Завод и музеј Битола промовира еднаков пристап до културното наследство, истовремено придонесувајќи кон развојот на современите музејски практики и активното вклучување на заедницата.
НУ Завод и музеј Битола годишно реализира повеќе од 50 проекти во областа на заштитата на културното наследство, музејската интерпретација, образованието и пристапноста. Институцијата управува со повеќе значајни локалитети од областа на културното наследство, меѓу кои и Хераклеја Линкестис и има водечка улога во иницијативите за пристапност, развојот на тактилни изложби (претставени на меѓународно ниво), како и во соработката со бројни европски партнери. Како активен член на повеќе меѓународни музејски мрежи, Музејот ги применува европските стандарди во заштитата на културното наследство, инклузијата и одржливиот културен туризам.
Evgenij Litovski
Irena Ruzin
Jove Pargovski