КОДА
Кода е граѓанска организација со седиште во Љубљана, Словенија, специјализирана за дигитална култура, етичко користење на технологија и инклузивно дигитално учество. Преку виртуелни изложби, дигитални кампањи и хибридни културни искуства, Кода промовира доживотно учење и оспособување на поединци за нивно креативно и критичко движење низ дигиталниот свет. Организацијата работи на пресекот меѓу културата, образованието и технологијата, поттикнувајќи одговорно дигитално учество и поддржувајќи иновации кои се етички, достапни и општествено инклузивни.
Во рамките на проектот RE-MIND, Кода раководи со активностите за Контрола на квалитетот, етика и евалуација, преку кои се гарантира усогласена имплементацијата на проектот со стандардите за квалитет, етичките принципи и проектните цели. Организацијата ја развива рамката за обезбедување на квалитет, етичност и евалуација, а истовремено придонесува и кон развојот на RE-MIND - алатките за обука, образовните ресурси и активностите за учење. Преку својата експертиза во областа на дигиталната благосостојба и одговорните иновации, Кода придонесува за испорака на висококвалитетни и инклузивни проектни резултати.
Кода поседува долгогодишна експертиза во областа на дигиталната култура, етичката употреба на технологијата, дигиталната благосостојба и инклузивното онлајн учество. Организацијата развива иновативни образовни ресурси, дигитални кампањи и партиципативни културни иницијативи кои ја промовираат одговорната употреба на технологијата и дигиталната инклузија. Преку нивното долгогодишно искуство во управување со проекти, креативна комуникација и меѓусекторска соработка, Кода поддржува доживотно учење и оспособување на поединци и организации во нивно самоуверено и етичко учествувао во дигиталните средини, истовремено поттикнувајќи достапни и општествено одговорни иновации.
Кода поседува богато искуство во рамки на дигиталното образование, младинската работа и градењето на капацитети, со силен фокус на дигиталното описменување, безбедноста на интернет, одговорната употреба на технологијата и дигиталната благосостојба. Преку национални и меѓународни проекти, организацијата има развиено образовни ресурси, реализирано обуки за млади и професионалци и спроведено повеќе иницијативи кои промовираат безбедно, инклузивно и етичко дигитално учество на различните заедници.
Filip Soln
Zia Perko Rogelj