RE-MIND
←
CWEP

CWEP

Centrum Wspierania Edukacji i Przedsiębiorczości (CWEP) е невладина организација основана во 2004 година со седиште во Жешов, Полска. CWEP е посветена на промовирање на иновативно образование, претприемништво, научни истражувања и одржлив развој. Организацијата поттикнува доживотно учење, општествена инклузија и иновации преку создавање на достапни образовни можности за луѓе од сите возрасти. Преку својата работа, CWEP ги оспособува поединците и заедниците со знаења и вештини неопходни за прифаќање на: дигиталната трансформација, зајакнување на вработливоста, поддршка на одговорното претприемништво и со тоа придонесува кон поодржливо и поинклузивно општество.

Во рамките на проектот RE-MIND, CWEP ја предводи работната активност 4: Образование и меѓугенерациско ангажирање на јавноста во свесни музејски искуства. Организацијата е одговорна за развојот на ангажираноста на јавноста, за дизајнот на образовни програми прилагодени на различни генерации и координарањето на меѓугенерациски групи за учење. Во соработка со сите проектни партнери, CWEP придонесува за зајакнување на дигиталната благосостојба, свесната присутност (mindfulness) и социјалната инклузија преку создавање ангажирачки образовни искуства кои ја поддржуваат имплементацијата на RE-MIND моделот за свесен музеј.

CWEP поседува долгогодишно искуство во развој на образовни програми, спроведување обуки и имплементација на европски проекти насочени кон дигитални вештини, претприемништво, општествена инклузија и одржливост. Организацијата комбинира експертизи во областа на истражувањето, развојот на наставни програми, издаваштвото и комуникацијата, со цел создавање на иновативни образовни ресурси за различни целни групи. CWEP, преку бројни национални и меѓународни иницијативи се етаблира како доверлив партнер во промоцијата на доживотно учење, дигиталните иновации и инклузивното образование, истовремено поддржувајќи го развојот на вештини потребни за иднината.

CWEP е учесник во бројни проекти финансирани од Европската Унија, насочени кон дигиталното образование, инклузијата и доживотното учење. Меѓу поновите проекти се MYCo, DIST-SEED, Mindfulness for Integration и SOURCE, кои фокусираат на меѓугенерациска соработка, дигиталната нарација на приказни, образование засновано на свесна присутност (mindfulness) и иновативни наставни методологии. Овие проекти ја потврдуваат силната експертиза на CWEP во развојот на образовните ресурси, програми за градење на капацитети и инклузивните пристапи кон учењето.

Group 35

Group 35

Group 36

Group 36

Group 37

Group 37