RE-MIND
←
Балканска музејска мрежа

Балканска музејска мрежа

Балканска музејска мрежа (Balkan Museum Network) претставува меѓународна органзација со седиште во Сараево, Босна и Херцеговина, која успешно обединува музејски професионалци и институции во повеќе од 20 земји. Балканска музејска мрежа (BMN) е основана во 2006 година како регионална програма за музејска соработка, додека во 2015 година формално е регистрирана како здружение. Од 11 основачки музеи, BMN прераснува во мрежа со повеќе од 150 музеи и 300 индивидуални професионалци од областа на културното наследство. BMN во континуитет ја промовира соработката, размената на знаења и професионалниот развој, додека истовремено го одбележува, заштитува и споделува богатото и разновидно културно наследство на Балканот.

Во рамките на проектот RE-MIND, BMN ја предводи работната активност 5: Имплементирање и валидизирање на моделот за градење на капацитети за Свесен Музеј (Mindful Museum) и придонесува во сите останати работни активности. BMN координира со организацијата на RE-MIND промотивни настани, со прогласување на RE-MIND Амбасадори и Свесни музеи, со валидизирање на моделот на Свесен Музеј, како и со крајното усовршување на образовната и комуникациската рамка. Преку својата широка музејска мрежа, BMN придонесува за видливоста, прифаќањето и долгорочната одржливост на проектот.

BMN е водечка регионална платформа за унапредување на музејската практика изразена преку градење на капацитети, вмрежување и спроведување на заеднички проекти. Од 2010 година, BMN има поддржано повеќе од 100 музејски иницијативи, додека моментално раководи со Headley Southeast Europe Cultural Heritage Fund, непосредно вложувајќи се во заштитата на културното наследство низ регионот. BMN во континуитет ја промовира пристапноста и инклузијата преку својата онлајн база на податоци за пристапни музејски услуги. Дополнително, има објавено 28 стручни публикации, организирано 12 меѓународни патувачки музејски конференции и воспоставено престижни награди за признавање на извонредноста во музејската практика и промоцијата на културното наследство.

BMN поседува богато искуство на соработка во европски проекти насочени кон пристапност, инклузија и професионален развој во секторот на културното наследство. Преку својата Balkan Museum Access Group (BMAG), таа им помага на музеите да станат подостапни и поинклузивни. BMN има учествувано во Erasmus+ проектите: Tomimeus и iNCLUSION, како и во Horizon проектот: SHIFT, придонесувајќи со својата експертиза во градење на капацитети, вмрежување и ангажирање на јавноста.

Aida Sarac Berbic

Aida Sarac Berbic

Aida Vezic

Aida Vezic

Azra Becevic Sarenkapa

Azra Becevic Sarenkapa

Mia Babic

Mia Babic